Добредојдовте во светот на модата
.....................Модата е дел од културата. Таа го претставува вкусот на едно време. Модата е периодична, променлива и постои затоа што се менува. Да одиш во чекор со модата значи да одиш во чекор во своето време.
.....................Мода значи да имаш чувство на стил, префинет вкус, смисла за форма и елеганција.
.....................Модата не треба да се следи по секоја цена. Важно е да се има свој сопствен стил. Тоа не значи дека не треба да се следи модата фризурата, облеката и шминката. Треба постојано да бидеме во тек со неа, ако не сакаме да бидеме старомодни.
.....................
Модата е поврзана со стилот. Спротивно од стилот таа постојано се менува. Секоја индивидуа треба да го пронајде својот сопствен стил.
.....................Во модата го вклучуваме и носењето на косата т.е. фризурата.
.....................Косата е ореол на убавината. Одамна па се до денес начинот на носење  фризура се менувал. Живееме во свет во кој косата секојдневно трпи трансформација, свет во кој секој чекор нанапред значи подобра услуга и зголемен квалитет на ваше задоволство.
.....................Косата или, фризурата е како книга, која може да ја прочита само оној, кој има чувство за естетика и облици.
Косата ни дава разни варијанти за менување на обликот на ликот и изгледот без разлика на облеката што ја носи лицето.
.....................Сите фризури можат да се поделат според својата намена и својот стил.
.....................Фризурата влијае врз изгледот на лицето и главата, и врз изгледот на фигурата на човекот. Складноста и рамнотежата треба да бидат присутни на целата фигура. Таа компактност всушност претстсвува мода. Дел од таа мода претставува применета уметност за фризерскиот занает.
......................За да постои постојано следење на модата потребно е естетско воспитување кај луѓето.
......................За да го сватиме поимот “МОДА “ треба да го разграничиме поимот дека не е само да се биде модерен во однос на фризурата туку модерен во однос на целета фигура, вклучувајчи ги тука шминката и облеката. За да имаш модерна фризура таа треба да се обликува според ликот.
......................Има премногу да се зборува за модата која на било кој начин се пренесува преку ревии, модни списанија, телевизиски екрани, филмови и друго.
......................Значи дека модата е специфичен поим за убавото вклучуваќи ја тука целокупната фигура.
......................Токму ова студио ја препознава вашата потреба да бидете совршени,кога тоа се очекува од вас,но и кога вие едноставно сакате да изгледате беспрекорно.
......................На некој начин тежнееме кон новото и модерното кое е дел од човековата природа и го изедначнуваме со поимот модерно.
......................За да комуницираме и продолжиме напред кон светот на модата контактирајтего овој сајт и пренесетеги вешите идеи,искуства и предлози. ............ИСКРЕНО ВАШ BE YOU